„Интегрирано образование – тренд, тенденција и потреба“ е насловена втората меѓународна конференција за интегрирано образование што се одржува денеска и утре во Скопје.
На конференцијата ќе учествуваат меѓународни експерти од Норвешка, Северна Ирска и Турција, а целта е да се зајакнат компетенциите на наставниот кадар во интегрираното образование преку користење долгогодишни странски искуства и знаења.

Најавено е присуство на наставници и професори од основни и средни училишта кои се дел од двегодишната обука за интегрирано образование, а обраќање ќе има и заменик министерот за образование и наука Сафет Незири.

Конференцијата ќе има значајна улога во процесот на сензибилизирање различни образовни профили за потребата и придобивките на концептот за интегрирано образование како глобален тренд, тенденција и потреба. Ја организира Нансен дијалог центарот (НДЦ) како дел од програмата за основно и напредно ниво на обука за интегрирано образование.

На конференцијата ќе се доделат сертификати за учесниците кои успешно го завршија напредното ниво на обука при Тренинг центарот на НДЦ Скопје.

http://www.utrinski.mk/default.asp?ItemID=0495BF92C5C0EA4DB6C707F87D3CF9D4