Во Скопје денеска и утре се одржува втората меѓународна конференција за интегрирано образование „Интегрирано образование – тренд, тенденција и потреба“ на која дел ќе бидат меѓународни експерти од Норвешка, Северна Ирска и Турција.

Целта на конференцијата е да се зајакнат компетенциите на наставниот кадар во интегрираното образование преку користење долгогодишни странски искуства и знаења.

Предвидео е присуство и на заменик министерот за образование и наука Сафет Незири.

На конференцијата ќе се доделат сертификати за учесниците кои успешно го завршија напредното ниво на обука при Тренинг центарот на НДЦ Скопје.

http://www.press24.mk/integrirano-obrazovanie-trend-tendencija-i-potreba