Согласно огласот објавен на ден 14.11.2016 година за избор на 10 модел училишта (7 основни и 3 средни)  во кои ќе се имплементира Концепцијата за интеркултурно образование, Комисијата за избор на модел училиштата составена од претставници на НДЦ Скопје и МОН ја објавува листата на избрани училишта:

  • ООУ „Братство“, Карпош, Скопје
  • ООУ „Толи Зордумис“, Куманово
  • ООУ „Гоце Делчев, Гостивар
  • ООУ „Братство-Единство“, Дебар
  • ООУ „Лирија“, Тетово
  • ООУ „Гоце Делчев“, Битола
  • ООУ „Кирил Пејчиновиќ“, Теарце
  • СУГС „Браќа Миладиновци“, Скопје

Училиштата кои аплицирале, а не се на листата на избрани училишта дополнително ќе бидат контактирани и известени за конечната одлука на комисијата.