На 24. мај 2018 година, наставничките Зејнепе Бајрами и Мерлин Стојановска ја спроведоа активноста “Шарен змеј” во склоп на темата “Детски радости” како дел од уметничката секција.

Целта на активноста беше поттикнување на креативната имагинација на учениците, поттикнување на позитивна атмосфера во групата, охрабрување и поддршка на соработката помеѓу учениците, социјализација преку игра во природата.