На 22. и 28. март 2018 година, наставничките Гордана Томеска и Сузана Вејсели ги реализираа воннаставните активности во рамки на Еко-секцијата.

Цели на воннаставните активности беа:
-поттикнување на меѓусебна успешна групна и тандемска соработка;
-поддржување на позитивна социо-емоционална клима во групата;
-оспособување на учениците за конструктивно меѓусебно договарање;
-охрабрување на учениците за невербално комуницирање во двојазично опкружување;
-зајакнување на самодовербата кај учениците;
-поттикнување на детската оригиналност, креативност;
-развивање на одговорен и активен однос кон групните задачи;
-поттикнување на учениците за самостоjно следење на промените во природата како и нивно внимателно сликовно бележење;
-проширување на детското искуство за поjавите во природата, како и согледување на нивната меѓусебна поврзаност.

За време на активностите учениците заедно изработуваа пролетни декорации и изработки.