На 20. и 25. Април 2018, наставничките Мируше Џафери и Анета Казиоска ја реализираа воннаставната активност на тема „Холандија“. Цели и задачи на активноста беа:
– Запознавање на учениците со државните и традиционалните холандски обележја;
– Поддржување на детската љубопитност за осознавање на улогата и функцијата на ветерниците во секојдневниот живот;
– Оспособување на учениците за самостојно откривање на посебностите на цветните растенија со холандско потекло.
Преку заедничка работа и соработка во групи учениците изработуваа: постер од традиционална носија во Холандија, изработки од лалиња, слики од традиционална храна во Холандија, како и ветерници од различни материјали.