На 23 април 2018 година наставничките Валентина Петрушевска Благоевска и Илбере Арифи ја реализираа активноста „Кружење на водата“. Цели на активноста беа: учениците да ги прошират знаењата за кружењето на водата во природата, поттикнување на меѓусебна почит, помагање и соработка; развивање на чувство на радост и задоволство при реализацијата на воннаствните игри; развивање на навика за активно слушање и почитување на соговорниците; проширување на активниот речник кај децата на двата јазика (македонски и албански).

За време на активноста учениците следеа презентација за кружењето на водата и изработија плакати со различните фази на кружење на водата.