На 27. април и 11. мај 2018 година, наставничките Тијана Бајрактарска и Хурмет Ала ја реализираа активноста „Рецептите на мојата мајка“ со цел учениците да се запознаат со најчестите специјалитети кои се дел од традициите на нивните семејства.

„Учениците имаат задача да сервираат маса со карактеристични традиционални јадења . Секоја група подготвува различна трпеза (местат прекривка, салфети, чинии, виљушки, чаши). Децата активно учествуваа во активностите со задоволство соработуваа во изработка и украсување на трпезата се дружеа притоа  вкусувајќи ги прекрасните јадења подготвени од нивните мајки“, Т. Бајрактарска и Х. Ала.