На 23. март 2018 година, наставничките Тијана Бајрактарска и Хурмет Ала ја спроведоа воннаставната активност на тема „Албанска носија“. Цели на активноста беа:
– Одржување позитивна емоционална клима во групата преку презентирање на детско народно музичко творештво;
– Промовирање на културниот идентитет преку запознавање со традиционални албански носии и нивната улога во одредени прослави.
Учениците активно учествуваа во активностите и со задоволство соработуваа и се дружеа притоа запознавајќи се со албанската народна носија и нејзините составни елементи.
“Во главниот дел од активноста прикажува презентација со традиционална албанска носија преку која учениците ги визуализираат составните елементи од традиционалната албанска носија, односно нивниот дизајн. Учениците се запознаваат со разновидната традиционална облека, имено фактот што секое подрачје има уникатна традиционална облека. За време на активноста, учениците се помагаа едни со други при облекувањето на носиите” Т. Бајрактарска и Х. Ала