2 мај, 2018 година- Еден одличен начин да се овозможи позитивна социо- емоционална клима во училницата е да се организираат заеднички прослави со учениците. Се разбира, најомилените прослави се родендените на учениците кои се обележуваат како дел од интегрираните интеркултурни активности реализирани според Нансен моделот за интеркултурно образование.

„Откао ќе се открие темата на денот, славениците имаат задача да ја подготвата роденденската трпеза. Останатите ученици се делат во 4 групи и во секоја од групите се изработуваат алки и ланчиња од монистра за девојчињата,а за машките се прават алки за на рака од еластични стапчиња во боја. Кога ќе бидат готови алкитеи ланчињата им се подаруваат на слевениците,а потоа следува дување на свеќичките и пеење на роденденските песни на македонски,албански и англиски јазик“. Радица Ацевска и Мирсада Идризи