18 мај, 2018 година- Еден одличен начин да се овозможи позитивна социо- емоционална клима во училницата е да се организираат заеднички прослави со учениците. Се разбира, најомилените прослави се родендените на учениците кои се обележуваат како дел од интегрираните интеркултурни активности реализирани според Нансен моделот за интеркултурно образование. За време на активноста, со цел одбележување на успешната учебна година на учениците од класовите на наставничките Хурмет Ала и Тијана Бајрактарска  им беа доделени дипломи за учество во активностите на Нансен моделот за интеркултурно образование. НДЦ Скопје им посакува среќно и забавно лето!