На 26 и 27 април, 2018 година, наставничките Габриела Мерџаноска и Нагихан Снопче ги реализираа воннаставните активности во духот прослава на родендени. Цели и задачи на активностите беа: поттикнување на позитивно расположение во групата како и зајакнување на интеракција меѓу децата; откривање на важноста и значењето на роденденот во животот на секое дете,но и во секое семејство; подржување на децата во применувањето на културно-социјалните фрази на двата јазика при честитањето на родендеот; повторување на усвоените роденденски песни на македонски и албански јазик; збогатрување на активниот речник кај децата со нови зборови од двата јазици како: роденден, славеник, торта, подарок, роденденска желба, прослава и сл.