На 21 март 2018 година наставничките Љуљета Ќерими и Виолета Паревска ја спроведоа активноста „Од цвет на цвет“ како дел од Еко-секцијата. Активноста беше реализирана во природа со цел:

-поттикнување на меѓусебна успешна групна и тандемска соработка,
-поддржување на позитивна социо-емоционална клима во групата,
-оспособување на учениците за конструктивно меѓусебно договарање,
-охрабрување на учениците за невербално комуницирање во двојазично опкружување,
-зајакнување на самодовербата кај учениците,
-поттикнување на детската оригиналност, креативност,
-развивање на одговорен и активен однос кон групните задачи итн.

„Активноста беше многу успешна и интересна, учениците заеднички ги набљудуваа промените во природата и ги споделуваа нивните впечатоци. Активностите се прифаќаат со голем интерес и љубопитност од страна на учениците“- наставничкиот тандем.