На 3. и 10. мај 2018 година наставничките Елизабета Јовановска и Рејхан Рушити ги реализираа активностите планирани во рамки на месечната тема „Мојата слика“ како дел од уметничката секција. Цели на активностите беа:

  • поттикнување на меѓусебна успешна групна и тандемска соработка,
  • поддржување на позитивна социо-емоционална клима во групата,
  • оспособување на учениците за конструктивно меѓусебно договарање,
  • охрабрување на учениците за невербално комуницирање во двојазично опкружување,
  • зајакнување на самодовербата кај учениците,
  • поттикнување на детската оригиналност, креативност,
  • развивање на одговорен и активен однос кон групните задачи итн.