На 16 мај 2018 година, наставничките Даниела Стефановска и Хатиџе Мемети ја реализираа воннаставната активност „ Мајски  цвеќиња“ во рамки на Еко-секцијата.

Цели на воннаставните активности беа:

  • поттикнување на меѓусебна успешна групна и тандемска соработка;
  • поддржување на позитивна социо-емоционална клима во групата;
  • оспособување на учениците за конструктивно меѓусебно договарање;
  • охрабрување на учениците за невербална комуникација во двојазично опкружување;
  • зајакнување на самодовербата кај учениците;
  • поттикнување на детската оригиналност, креативност;
  • развивање на одговорен и активен однос кон групните задачи;
  • поттикнување на учениците за самостојно следење на промените во природата како и нивно внимателно сликовно бележење;
  • проширување на детското искуство за појавите во природата, како и согледување на нивната меѓусебна поврзаност.

За време на активностите учениците заедно изработуваа пролетни декорации и изработки со цвеќиња.