На 19. и 29. март 2018 година, наставничките Елизабета Јовановска и Рејхан Рушити ги реализираа воннаставните активности во рамки на кукларската и уметничката секција.

Цели на воннаставните активности беа:
-поттикнување на меѓусебна успешна групна и тандемска соработка;
-поддржување на позитивна социо-емоционална клима во групата;
-оспособување на учениците за конструктивно меѓусебно договарање;
-охрабрување на учениците за невербално комуницирање во двојазично опкружување;
-зајакнување на самодовербата кај учениците;
-поттикнување на детската оригиналност, креативност;
-развивање на одговорен и активен однос кон групните задачи;
-стекнување на знаења, вештини и способности за планирање, организирање, реализирање и вреднување на воннаставните воспитно – образовни активности;
-сензибилизирање на учениците за почитувањето на меѓусебните раличности.