Во текот на месец април 2018 година, наставниците Фросина Манева и Селвер Абази организираа интеркултурни воннаставни активности и работилници со учениците. За време на активностите планирани и реализирани од страна на наставничкиот тандем, учениците заедно го прославија Велигден, изработија меѓусебни портрети, слушаа класична и поп-музика, дизајнираа поп-музички плакати и ги споделуваа нивните музички преференции, како и активно учествуваа во сите активности за групна кохезија и во едукативните активности.