На 30. и 31. мај 2018 година, наставничките Габриела Мерџаноска и Нагихан Снопче заедно со учениците вклучени во Нансен моделот за интеркултурно образование го одбележаа успешното завршување на интеркултурните воннставни активности за учебната 2017/18 година. По тој повод, на учениците им беа доделени дипломи за учество во активностите предвидени според програмите за интеркултурни активности на НДЦ Скопје.