На 21. Март 2018 година наставничките Мирјана Невенова и Фатмире Махмуди ја реализираа активноста “Дојде пролетта – изработка на пролетно дрво“ планирана во рамки на Еко-секцијата.
“Во главниот дел на активноста це формираат 4 групи на ученици. Секоја група добива звоја задача.
1 група: изработка на цветови од хартија
2 група: изработка на пеперутки од хартија
3 група: изработка на бубамари
4 група: изработка на птици од хартија
На учениците им се објаснува дека нивните изработки ќе послужат за украсување на изработено дрво од природни гранки. Секоја група ја изработува својата задача. Наставничките ги мотивираат и охрабруваат учениците во текот на работата. Доколку е потребно се помага во работата. Активноста продолжува со украсување на пролетното дрво“М. Невенова и Ф. Махмуди