На 2. мај 2018 година, наставничките Зејнепе Бајрами и Мерлин Стојановска ја реализираа воннставната активност на тема „Весел селски двор“ како дел од уметничката секција.

“Во секоја група со ученици се поставени потребни материјали за работа-хамер, фломастери, модели на домашни животни. Учениците добиваат упатство за групна работа од страна на наставничките .Секоја група на хамер црта домашни животни во селски двор. Во текот на активностите се пуштаат детски песнички на македонски и албански јазик. Откако цртежите  ќе бидат готови, секоја група  ги презентира цртежите со својот весел селски двор движејќи се меѓу групите“. З. Бајрами и М. Стојановска.